Wednesday, October 23, 2013

Насилници „уфрлиле“ новинари во редакцијата на Курир

Скопје, Македонија (ФЊуз) Утрово во редакцијата на порталот Курир се случувала вистинска драма. Две непознати лица со маски влегле во просториите на редакцијата и присилиле четворица новинари на работа, дознава ФЊуз.

ФОТО: Редакцијата на Курир
 Дактилографите на Курир, кои вообичаено денот го минуваат во смирена атмосфера, денеска се преплашиле од глетката. Сепак, тие успеале да останат смирени и да повикаат полиција.

Никогаш не ни се случило вакво нешто. Насилниците брутално не станаа од нашите работни места и ги седнаа новинарите, кажувајќи им да почнат со работа“, изјави дактилогравката Марија Велков.

Насилниците заедно со новинарите веќе биле заминати кога полицијата пристигнала во редакцијата на Курир, а дактилографите се вратиле на своите работни места.

Во соопштението од МВР Скопје стои дека штетата е непроценлива, бидејќи принудените новинари објавиле неколку објективни истражувачки стории на сајтот на Курир. Моментално се трага по насилниците, а поднесена е и кривична пријава против двајца непознати сторители кој од порано и се познати на полицијата.



Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во оваа статија!

Friday, October 18, 2013

Македонија ги отстранува сите латинични табли како одговор на Вуковар

Скопје, Македонија (ФЊуз) Македонската Влада денеска одлучи да ги отстрани сите латинични табли на македонските патишта и да ги прекине сите дипломатски односи со Република Хрватска, дознава ФЊуз.

Корегирана табла на македонски автопат

Оваа одлука на македонската Влада следуваше по скандалот во Вуковар, откако Хрватите ги искршија кириличните табли во градот. Таблите беа обновени и повторно уништени, при што полициските службеници пиејќи кафе во околните кафулиња немо го следеле настанот.

„Навистина... ова е голема шлаканица за нас. Отсекогаш сме имале коектен однос со Хрватска и не знаеме што точно го предизвика хрватскиот народ на ваков потег и каков проблем имаат тие со нас, со светите браќа Кирил и Методиј или пак со светите браќа Климент и Наум Охридски. Доколку владата на Република Македонија дознае нешто поконкретно, навремено ќе ја извести јавноста. Ви благодарам“, изјави за ФЊуз премиерот Никола Груевски.


Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во оваа статија!

Monday, September 2, 2013

Училиштето во Аеродром по грешка, наместо „Воин на коњ“ е именувано „Александар Македонски“

ОУ„Воин на коњ“ - ФОТО: Општина Аеродром

Скопје, Македонија (Филипијада њуз) Новото основно училиште во реонскиот центар Аеродром по грешка го добило името „Александар Македонски“, а не оригиналното име „Воин на коњ“.

Се случуваат грешки, луѓе сме.“ вели градоначалникот, Ивица Конески, кој додаде „Општината Аеродром ќе инсистира на забрзување на постапката за училиштето да го добие името на нашата голема историска личност ’Воинот на коњ’“.

Митолошката личност „Воин на коњ“ кој носи македонски корени и е втемелен во нашата историја е далеку од погрешното име кое го добило ова училиште“, велат експертите по македонска историја.

Грешката се случила кога еден од вработените во Министерството за образование ги обработувал документите на училиштето, при што го променил оригиналното име, кое го асоцирало на друга личност од македонската историја.

Министерството соопшти дека ќе превземе соодветни санкции во вид на лекции по македонска историја кај своите службеници.


Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Wednesday, August 28, 2013

Тримесечно бебе се откажа од своите родители

Оливер во својата колевка 
Неготино, Македонија (Филипијада њуз) Тримесечниот Оливер Кајмаковски од неготинското село Липа синоќа ги шокирал своите родители. Тој им соопштил дека се откажува од нив и дека не сака да има ништо во иднина со, како што вели, невоспитаните суштества.

„Се надеваме дека Оливер ќе се смири и ќе се врати дома, бидејќи само овој дом го има.“, изјави загрижениот татко Драган.

Сè уште не е позната причината за оваа реакција на Оливер. Но доколку родителите не го остават на мира, момчето се заканило дека ќе се откаже од нив и јавно преку најтиражните весници во Македонија.

Оливер моментално домува во својата колевка под отворено небо на сред село во Липа и е неизвесно до кога ќе остане таму.


Извор: Неготино прес


Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Џорџ Карлин - Абортус

"Човече, тие, конзервативците навистина се добри, зар не? Сите тие ги обожаваат неродените. Ќе направат с? за неродените. Но... штом се родите, сами сте на себе. Конзервативците се опседнати со абортусот од периодот на зачнувањето до деветиот месец. После тоа, тие не сакаат да слушнат за вас. Ама ништо. Нема грижа, нема дневен престој, нема "head start", нема ужина на училиште, нема социјална помош, нема ништо! Ако сте неродени, вие сте во ред, но откако ќе се родите, е тука сте за***ни."