Monday, September 2, 2013

Училиштето во Аеродром по грешка, наместо „Воин на коњ“ е именувано „Александар Македонски“

ОУ„Воин на коњ“ - ФОТО: Општина Аеродром

Скопје, Македонија (Филипијада њуз) Новото основно училиште во реонскиот центар Аеродром по грешка го добило името „Александар Македонски“, а не оригиналното име „Воин на коњ“.

Се случуваат грешки, луѓе сме.“ вели градоначалникот, Ивица Конески, кој додаде „Општината Аеродром ќе инсистира на забрзување на постапката за училиштето да го добие името на нашата голема историска личност ’Воинот на коњ’“.

Митолошката личност „Воин на коњ“ кој носи македонски корени и е втемелен во нашата историја е далеку од погрешното име кое го добило ова училиште“, велат експертите по македонска историја.

Грешката се случила кога еден од вработените во Министерството за образование ги обработувал документите на училиштето, при што го променил оригиналното име, кое го асоцирало на друга личност од македонската историја.

Министерството соопшти дека ќе превземе соодветни санкции во вид на лекции по македонска историја кај своите службеници.


Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Џорџ Карлин - Абортус

"Човече, тие, конзервативците навистина се добри, зар не? Сите тие ги обожаваат неродените. Ќе направат с? за неродените. Но... штом се родите, сами сте на себе. Конзервативците се опседнати со абортусот од периодот на зачнувањето до деветиот месец. После тоа, тие не сакаат да слушнат за вас. Ама ништо. Нема грижа, нема дневен престој, нема "head start", нема ужина на училиште, нема социјална помош, нема ништо! Ако сте неродени, вие сте во ред, но откако ќе се родите, е тука сте за***ни."