![]() |
ФОТО: Редакцијата на Курир |
„Никогаш не ни се случило вакво нешто. Насилниците брутално не станаа од нашите работни места и ги седнаа новинарите, кажувајќи им да почнат со работа“, изјави дактилогравката Марија Велков.
Насилниците заедно со новинарите веќе биле заминати кога полицијата пристигнала во редакцијата на Курир, а дактилографите се вратиле на своите работни места.
Во соопштението од МВР Скопје стои дека штетата е непроценлива, бидејќи принудените новинари објавиле неколку објективни истражувачки стории на сајтот на Курир. Моментално се трага по насилниците, а поднесена е и кривична пријава против двајца непознати сторители кој од порано и се познати на полицијата.
Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во оваа статија!