Wednesday, December 3, 2014

Италијанска компанија ќе инвестира 350 милиони евра во тајна фабрика во Македонија

Тајна локација, Македонија (Филипијада њуз) На денешната владина пресконференција беа најавени нови и нови инвестиции. Меѓу нив е и инвестицијата во вредност од 350 милиони евра од страна на Италијанска компанија со седиште во Наполи.


 
Компанијата ќе инвестира во тајна фабрика, во производство на тајни производи, а ќе бидат вработени и тајни луѓе. Се очекува да се вработат околу 1000 луѓе, главно со ниско-средно-високо образование“, изјави портпаролот на Владата.

Иако локацијата на фабриката е корпоративна тајна и се уште непозната дури и на институциите, сепак успеавме да дознаеме дека ќе се наоѓа во радиус од 250 километри околу Скопје.

„Производството во фабриката нема да биде познато за македонската јавност, но тоа не значи дека Македонија нема да профитира“, за Филипијада њуз изјави познатиот аналитичар.


Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во оваа статија!

Monday, November 24, 2014

ЕКСКЛУЗИВНО: Веста за студентските протести е спин за да се прикрие отварањето на новиот јавен тоалет во Центар

Скопје, Македонија (Филипијада њуз) Денес на медиумите блиски до опозициската СДСМ осамна вест за наводни студентски протести во Штип, а претходно и во Скопје. Од извори блиски до власта нашата редакција ексклузивно дознава дека овие информации биле пуштени со цел да се прикрие веста за отворањето на новиот јавен барокен тоалет во центарот на Скопје.



Опозицијата преку своите медиуми продолжува да прикрива релевантни вести и да ги манипулира студентите, како и останатите граѓани со спинување на неточни информации преку своите и медиумите на Сорос. Истиот пример се случи и денес кога беше пуштен во употреба новиот тоалет со барокни елементи, што ја симболизира македонската цивилизација.“, утрово изјави премиерот Никола Груевски.

Нашата редакција е длабоко згрозена од односот на некои медиумски пиони на опозицијата. Затоа апелираме до сите наши читатели да не обрнуваат внимание кон овие вести, туку да ги читаат релевантните информации кои ние ги пласираме, како историскиот јавен тоалет кој утрово беше пуштен во употреба.

Исто така денес беше стартуван и новиот проект на Владата на Република Македонија „Не дозволувајте да ве манипулираат“ кој има за цел да ги заштити граѓаните од лошите намери на опозицијата. По тој повод низ неколку македонски општини беа поставени поучни билборди.


Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во оваа статија!


Џорџ Карлин - Абортус

"Човече, тие, конзервативците навистина се добри, зар не? Сите тие ги обожаваат неродените. Ќе направат с? за неродените. Но... штом се родите, сами сте на себе. Конзервативците се опседнати со абортусот од периодот на зачнувањето до деветиот месец. После тоа, тие не сакаат да слушнат за вас. Ама ништо. Нема грижа, нема дневен престој, нема "head start", нема ужина на училиште, нема социјална помош, нема ништо! Ако сте неродени, вие сте во ред, но откако ќе се родите, е тука сте за***ни."