Скопје, Македонија (Филипијада њуз) Денес на медиумите блиски до опозициската СДСМ осамна вест за наводни студентски протести во Штип, а претходно и во Скопје. Од извори блиски до власта нашата редакција ексклузивно дознава дека овие информации биле пуштени со цел да се прикрие веста за отворањето на новиот јавен барокен тоалет во центарот на Скопје.
„Опозицијата преку своите медиуми продолжува да прикрива релевантни вести и да ги манипулира студентите, како и останатите граѓани со спинување на неточни информации преку своите и медиумите на Сорос. Истиот пример се случи и денес кога беше пуштен во употреба новиот тоалет со барокни елементи, што ја симболизира македонската цивилизација.“, утрово изјави премиерот Никола Груевски.
Нашата редакција е длабоко згрозена од односот на некои медиумски пиони на опозицијата. Затоа апелираме до сите наши читатели да не обрнуваат внимание кон овие вести, туку да ги читаат релевантните информации кои ние ги пласираме, како историскиот јавен тоалет кој утрово беше пуштен во употреба.
Исто така денес беше стартуван и новиот проект на Владата на Република Македонија „Не дозволувајте да ве манипулираат“ кој има за цел да ги заштити граѓаните од лошите намери на опозицијата. По тој повод низ неколку македонски општини беа поставени поучни билборди.
Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада
њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен
кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата.
Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во
оваа статија!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Џорџ Карлин - Абортус
"Човече, тие, конзервативците навистина се добри, зар не? Сите тие ги обожаваат неродените. Ќе направат с? за неродените. Но... штом се родите, сами сте на себе. Конзервативците се опседнати со абортусот од периодот на зачнувањето до деветиот месец. После тоа, тие не сакаат да слушнат за вас. Ама ништо. Нема грижа, нема дневен престој, нема "head start", нема ужина на училиште, нема социјална помош, нема ништо! Ако сте неродени, вие сте во ред, но откако ќе се родите, е тука сте за***ни."
Дали барате позитивен заемодавател за заем за да го ослободите вашиот финансиски проблем, тогаш би сакале понуда за заем за педро, Педро ми понуди заем со стапка од 3% рентабилност и целиот процес помина без проблеми како што очекував, можете да му испратите е-пошта ако ви треба вид на заеми Е-пошта: pedroloanss@gmail.com Или Whatsapp: +18632310632
ReplyDelete