![]() |
ФОТО: Папката што Заев им ја предал на странските служби |
Меѓутоа пет години минале без никаков успех, бидејќи граѓаните, а особено Владата на Република Македонија на чело со господинот Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда го чува рецептот во најголема тајност. Ситуацијата кулминирала кога опозицискиот лидер Зоран Заев направил договор со странските служби. Според нашите сознанија Заев на тој начин ги добил снимките, а за возврат го дал рецептот за „Тавче-гравче“ и со тоа предизвикал непроценлива штета на македонскиот народ.
Како што можете да чуете и самиот Заев го потврдува тоа на снимката од кабинетот на Никола Груевски, која исто така е снимена од странските тајни служби.
„Веруваме дека народот на Македонија ќе направи се за да го врати достоинството и рецептот во државата, а не да обрнува внимание на некакви безвезни телефонски содржини.“, изјави Тони Михајловски држејќи порција Тавче-гравче од говорницата на контра-граѓанското контра-движење за контра-одбрана на контра-Македонија.
Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во оваа статија!
No comments:
Post a Comment