Скопје, Македонија (ФЊ) Откако експертите на МВР успешно ги декодираа пораките на Верушевски се впуштија и во многу поголем потфат - кодот на Да Винчи. Според нашите информации тие имаат одлични сознанија до сега и голема е веројатноста наскоро да ги соопштат и пред јавноста.
Блиски извори од МВР за Филипијада њуз велат дека на „Тајната вечера“ од Леонардо да Винчи се откриени кодирани пораки кои посочуваат дека далечен роднина на Зоран Заев своевремено го предал Исус на римските власти. Исто така, во очите на Мона Лиза, која била сопруга на друг далечен роднина на Зоран Заев, може да се забележи дека целосно те гледа, делумно те гледа и воопшто не те гледа.
Сознанијата од последното откритие, секако доколку судот ги прифати, ќе бидат приложени како доказен материјал во процесот Пуч. Водени од успешната мисија, вработените во МВР соопштија дека нивниот следен потег е декодирање на антички јазици и откривање на останатите криминали и државни удари од страна на роднини на Заев.
Се шпекулира дека антички роднина на Заев го убил и Александар Македонски, но тоа сега за сега е само шпекулација.
Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада
њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен
кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата.
Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во
оваа статија!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Џорџ Карлин - Абортус
"Човече, тие, конзервативците навистина се добри, зар не? Сите тие ги обожаваат неродените. Ќе направат с? за неродените. Но... штом се родите, сами сте на себе. Конзервативците се опседнати со абортусот од периодот на зачнувањето до деветиот месец. После тоа, тие не сакаат да слушнат за вас. Ама ништо. Нема грижа, нема дневен престој, нема "head start", нема ужина на училиште, нема социјална помош, нема ништо! Ако сте неродени, вие сте во ред, но откако ќе се родите, е тука сте за***ни."
No comments:
Post a Comment