![]() |
Фото: Археолозите ископувајќи го локалитетот Водно наидоа на лопата на Миле Јанакиевски |
Во соопштението се вели дека утрово екипата пронашла неколку клучни археолошки материјали на локалитетот Водно што упатуваат на тоа дека во непосредна близина се наоѓа претседателот на државата.
„Ова е големо откритие за нас, но и за археологијата како наука бидејќи за прв пат во историјата е пронајден аудио археолошки материјал. Содржината не покажува многу бидејќи некој молчи на снимката, но да бидеме реални, никој не очекуваше нешто поразлично.“, изјави археологот Милан Јаневски.
Од Институтот најавија дека ќе продолжат со ископините на локалитетот Водно, како и на два други во непосредна близина, а се очекува за неколку месеци, најдоцна до една година да биде откриен претседателот.
Филипијада њуз е сатирично блог издание.
Филипијада њуз користи измислени ликови и институции во своите изданија, освен кога јавните личности и вистинските институции се објект на сатирата. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна, како и во оваа статија!
No comments:
Post a Comment